Реновирање на езерцето во Градскиот Парк

Реновирање на езерцето во Градскиот Парк

458
0
АКЦИЈА
По немилиот настан во езерцето во Градскиот парк ЈПКД Комуналец набави 7 возрасни нови патки со што езерцето продолжува да го има оној изглед во кој уживаа граѓаните. Деновиве се планира да се донесат уште патки а секако ке се изврши и реновирање на нивните живеалишта што се наогаат во езерото.
Градскиот Парк и се разбира езерцето со целиот биодеверзитет претставува гордост на сите граѓани, а исто така е посетувано и од скоро секој гостин кој доаѓа во градот. Комуналец се грижи за неговата чистоќа и урбан природен изглед, но потребна е и грижа и од сите посетители. Беспредметно е фрлањето на ѓубре и уништување на урбаната опрема. Посебно апелираме до сите оние кои ги шетат своите миленици да ги шетат врзани со ремени со што ќе се избегнат сите несакани настани. Потсетуваме дека во самиот парк постои специјално заграден простор кој е исполнет со елементи наменети исклучиво за кучиња. Градскиот парк е најдобриот урбано уреден еколошки простор во градот и вреди да се потрудиме сите за негов убав изглед.