Прослава на Св.Василиј во ЈПКД Комуналец – Струмица

Прослава на Св.Василиј во ЈПКД Комуналец – Струмица

3045
0
АКЦИЈА

Денеска по повод празникот Св Василиј во дворот на ЈПКД Комуналец – Струмица каде беа присутни сите вработени  се одржа свеченост на која на сите вработени им се подели лепче, а во само едно имаше и паричка. Најсрекен помеѓу сите вработени беше Стојанче Трендафилов вработен во секторот за Водовод и Канализација. Директорот на ЈПКД Комуналец му честиташе и му посака се најдобро и многу среќа, а  од име на вработените му подари златен крст. Воедно по повод празникот во присуство на свештени лица и сите вработени беше осветена и новата управна зграда на ЈПКД Комуналец.