Продолжува делењето на корпи за отпад во градот

Продолжува делењето на корпи за отпад во градот

2113
0
АКЦИЈА

Во програмата на еко кампањата Еко Фронт во организација на Општина Струмица и ,,ЈПКД Комуналец ,, беа набавени 8500 стандардизирани корпи за отпадоци за индивидуалните домаќинства.  Досега корпи добија околу 6500 домаќинства. Од наредната недела продолжува доставувањето низ остатаните делови од градот Струмица. Се известуваат граѓаните кои не добиле корпи поради отсуство во текот на акцијата, дека корпите можат да ги подигнат од  дворот на ,,ЈПКД Комуналец Струмица,, со лична карта од носителот на комуналното право. Напоменуваме дека деновиве екипи на  ,,ЈПКД Комуналец,, ке започнат подигање на старите и оштетени  метални корпи, па се молат сите домакинства кои добиле нови корпи истите да ги изнесат исклучиво пред дворовите за да можат да бидат тековно испразнети. Корпите кои ке бидат во дворовите нема да бидат испразнети. Уште еднаш апелираме на совесно користење на новите корпи за отпад и поставување на истите пред дворот на секое домаќинство.