Привршува есенското хортикултурно уредување

Привршува есенското хортикултурно уредување

2011
0
АКЦИЈА

“Одделението за управување и одржување на јавното зеленило“ при ЈПКД “Комуналец“ завршува со есенското хортикултурно оплеменување на градот и населените места на територија на Општина Струмица со засадување на  садници на сите јавни површини. Покрај традиционалната есенска акција за разубавување, екипите тековно ги извршуваат активностите за одржување на зеленилото, собирање на паднатите лисја, косење на тревата, како и собирање на гранки и шут од зелените површини.