Поставување на табла за предупредување на фрлање на комунален отпад

Поставување на табла за предупредување на фрлање на комунален отпад

2404
0
АКЦИЈА

Се известуваат домаќинствата кои живеат на улица Цветан Димов (населба Софилар) комуналниот отпад да го оставаат во кантите кои се доделени од страна на ЈПКД ,,Комуналец,, Струмица, и истиот ке биде подиган редовно секој Вторник и Петок. Се забранува фрлање на комунален отпад на друго отворено место со цел да се спречи создавање на диви депонии. За таа цел денес беше поставена и табла со известување. Се молат граѓаните да го депонират отпадотисклучиво во новите зелени канти кои им беа неодамна бесплатно доделени и со тоа да придонесат за побрзо и поефикасно подигање на отпадот, и добивање на почисто и поубаво место за живеење.