Поставени нови контенјери за селекција на стакло

Поставени нови контенјери за селекција на стакло

3287
0
АКЦИЈА

Со цел поуспешно управување со отпадот, компанијата „Пакомак“ во соработка со јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ постави нови контејнери за селекција на стакло во повеќе локации во Струмица. Се поставија дваесет контејнери за примарна селекција на стаклен отпад. Контејнерите се со капацитет од 1,5 метри кубни и се наменети исклучиво за собирање стакло.