Од поројот “Крушевска Република“ извадени 2150 метри кубни отпад

Од поројот “Крушевска Република“ извадени 2150 метри кубни отпад

2687
0
АКЦИЈА

Се заврши комплетното чистење на поројот “Крушевска Република“ од мостот кај транзитниот пат па се до горниот дел од каналот. Работни единици од јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ подигнаа вкупно 2150 m³ разновиден отпад.  ЈПКД “Комуналец“ апелира по спроведувањето на оваа акција за генерално чистење,граѓаните кои што живеат во близина на каналот да не фрлаат отпад во нив, туку, кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават во „Комуналец“ на телефонскиот број 034 325 909 и истиот веднаш ќе биде подигнат.