Нов едукативен проект ЧИСТА СРЕДИНА Е ЗДРАВА СРЕДИНА

Нов едукативен проект ЧИСТА СРЕДИНА Е ЗДРАВА СРЕДИНА

2753
0
АКЦИЈА

Јавното претпријатие за комунални дејности ,, КОМУНАЛЕЦ – Струмица,, во соработка со Општина Стумица во рамки на проектот ,,Еко Фронт,, започнаа едукативен проект ,, Чиста средина е здрава средина,,. Целта на проектот е да се подигне свеста на граѓаните за почиста животна средина, порационално користење на водата за пиење, како и да се објасни работата на Пречистителната станица за отпадни води. Во проектот беа изработени рекламни спотови и репортажи со еколошка содржина и истите се емитуваат преку лед дисплејот на градскиот плоштад, преку регионалниот ТВ канал ВИС  како и преку интернет порталите. Беа изработени и слики кои се поставени на билбоардите низ градот. Исто така беа  испечатени и флаери со еколошка порака со кои се информираат граѓаните за потребата за заштита и зачувување на животната средина и чистата вода за пиење.