Младите од населено место Сачево спроведоа еколошка акција

Младите од населено место Сачево спроведоа еколошка акција

2173
0
АКЦИЈА

Минатиот викенд млади жители од населеното место Сачево го чистеа просторот околу паркот, училиштето и пензионерскиот дом. Со оваа акција се собраа околу 20 – тина вреќи отпад.  Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ја поздравува оваа акција и стои на располаѓање за секоја понатамошна активност. Денес теренот го посетија од одделението „Комунална хигиена“ и во разговор со дел од иницијаторите се најавија активности за генерално чистење на овој простор, дополнително хортикултурно уредување како и замена на постоечката урбана опрема во паркот.