Краток застој на работата на Пречистелната Станица за Отпадни Води поради...

Краток застој на работата на Пречистелната Станица за Отпадни Води поради несовесен граѓанин

2089
0
АКЦИЈА

Деновиве во  Пречистителната Станица за Отпадни Води се случи несекојдневна ситуација која предизвика огромни проблеми, материјални трошкови и краток застој во работата. Поточно на влезната груба решетка беа застанати остатоци од искасапено мртво животно т.е остатоци од мртов коњ. Единствен начин да дојдат овие остатоци до Пречистителната Станица за Отпадни Води  е преку канализациониот систем од фекалната канализација на градот Струмица. Тоа значи дека некој намерно и неодговорно го отворил капакот на канализационата шахта го искасапил животното и остатоците ги фрлил  во канилизациониот систем. Дефектот се санира, Пречистителната  Станица за Отпадни Води покрај сите проблеми нормално ја извршува својата функција, а целиот овој немил настан е пријавен  до комуналниот инспектор на општина Струмица.  Изненадени од ваквата непромислена постапка апелираме до граѓаните за совеснот и поодговорно однесување посебно во делот на користење на канализационата мрежа.