Исчистени дивите депонии покрај патот кон населено место Раборци

Исчистени дивите депонии покрај патот кон населено место Раборци

2201
0
АКЦИЈА

Големи колични отпад кои формираат неколку мини депонии можат да се забележат од страна на патот кон излезот од градот кон населено место Раборци. Како дополнување на целата ситуација е нарушената безбедност во сообраќајот, бидејќи често се случува ветерот да одвлече отпадоци на коловозот. Во склоп на Годишната програма на одделението “Комунална хигиена“ при ЈПКД “Комуналец“ беше исчистена  дивата депонија создадена од несовесни граѓани покрај река Тркајна, а акцијата продолжи со чистење на депонираниот отпад покрај локалниот пат.


Апелираме до граѓаните да ја почитуваат животната средина, да не депонираат најразличен отпад на овие црни точки за животната средина кај нас, бидејќи редовно се случува по  чистењето на локациите, веќе идниот ден повторно да има депониран отпад.