Исчистена уште една новонастаната „дива“ депонија

Исчистена уште една новонастаната „дива“ депонија

2492
0
АКЦИЈА

Екипи од ЈПKД „Комуналец“ Струмица  ја исчистија дивата депонија создадена од несовесни граѓани на месноста наречена “Двата Пата“. Од дивата депонија, направена покрај патот, подигнати се големи количини на градежен шут, електрични апарати и сл. Повторно се упатува апел до граѓаните отпадот да го депонираат на местата предвидени за тоа и доколку наидат на новонастанати депонии да ги пријават истите во ЈПКД “Комуналец“, за да се спречи создавањето диви депонии кои ја уништуваат околината и животната средина.