Известување

Известување

1729
0
АКЦИЈА

Со цел да се одржи јавната чистоќа низ градот Струмица Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица со специјализирано возило за чистење на делот околу тротоарите на улиците, секое утро  врши чистење на насобраната  нечистотија по сите улици низ  централното градско  подрачје. Со ова се добиваат почисти коловози а воедно се намалува и подигањето на прашина околу истите. Освен тоа  Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица и врши и редовно  собирање на смет два пати неделно низ 4 реона низ градот и  Централното градско подрачје и низ 3 реони по населените места, одржување на јавна  чистока со метење на улици низ градот со 9 екипи 6 дена во неделата,  одржување на јавна  чистока со метење на Централното градско подрачје од 07 до 20.30 часот, подигање на отпад од индустриските капацитети на општината, подигање на градежен шут по пријава на граѓани и собирање на гранки од дрвја. Ги потсетуваме граѓаните дека со  цел за поголема ефикасност и побрз одговор на комуналните проблеми со кои се среќаваат  ЈПКД „Комуналец„ отвори телефонски број 13-110 кој работи 24 часа, каде  можат да ги пријавуваат сите дефекти на водоводната и канализационата мрежа како и проблемите од јавна чистоќа. На овој број можат да се јават и сите граѓани кои имат потреба од подигање на шут, градежен отпад, гранки од дрвја и друг цврст отпад.