Зимската служба го чисти снегот околу основните и средните училишта

Зимската служба го чисти снегот околу основните и средните училишта

1967
0
АКЦИЈА

Законот за јавна чистота предвидува во зимски услови при снежните врнежи сите сопственици, односно корисниците на јавните објекти да го исчистат снегот пред објектите за непречен пристап до нив. Сите локални патишта на територија на општина Струмица вклучувајќи ги верските објекти и основните училишта успешно се пробиени и целосно е исчистен снегот од коловозот. Во пресрет на второто пологодие од учебната 2018/19 година, Зимската служба при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ спроведува акција на отстранување на снегот и мразот на просторот околу основните и средни училишта на територија на град Струмица.