Дабиле и Просениково ќе бидат комплетно покриени со канализациона мрежа.

Дабиле и Просениково ќе бидат комплетно покриени со канализациона мрежа.

1855
0
АКЦИЈА

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев, денеска беа во Дабиле и Просениково каде се работи на изведба на примарна канализациона мрежа, во овие населени места.
Двата проекти ќе опфатат вкупна должина од 16.181 метар, односно селата Дабиле и Просениково ќе бидат комплетно покриени со канализациона мрежа.
„Четириесет проценти од овие проекти се веќе реализирани, според планираната динамика до крајот на оваа година тие треба да бидат завршени“ – кажа градоначалникот Коста Јаневски.
Тој информираше дека во меѓувреме општинските служби подготвуваат и проекти за дополнителни краци за новите објекти кои не беа опфатени со овој примарен проект.
Околу 40 милиони денари чинат двата проекти, односно канализационите системи во Дабиле и во Просениково, средства обезбедени преку ИПА фондовите и од буџетот на Општина Струмица.