Генерално чистење на трим патеката кон манастирот “СВ Илија“

Генерално чистење на трим патеката кон манастирот “СВ Илија“

2567
0
АКЦИЈА

Како и секоја година, така и оваа, пред големиот празник Илинден, ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше традиционалната акција за темелно чистење надвор од градот. Денес 1 август 2018 година работна единица од одделението “Комунална Хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ извршија чистење на и околу трим патеката на потегот кон манастирот Св. Илија.  На традиционалното масовно чествување на патрониот празник, Црквата „Свети Илија“, кој се наоѓа на околу 4 километри над градот Струмица, струмичани,масовно го посетуваат уште  попладнето на денот пред празникот.