Генерално чистење на населено место Водоча

Генерално чистење на населено место Водоча

2546
0
АКЦИЈА

Одделението „Чистота„ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ изврши акција во населеното место Водоча. Извршено е генерално чистење, машински и рачно се метеа улиците, комплетно се средија парковите, беше искосена тревата и се собра и подигна отпадот од јавните површини. Според Бранко Горѓиев, раководител на “Комунална хигиена“, чистењето се врши согласно годишниот план за генерално чистење на населените места во општина Струмица.