Во Габрово се довршува филтер станицата и се изведуваат каскади

Во Габрово се довршува филтер станицата и се изведуваат каскади

2122
0
АКЦИЈА

Општина Струмица деновиве реализира повеќе активности во населеното место Габрово. Задоволството од реализацијата на планираните проекти, со жителите на Габрово го сподели градоначалникот Коста Јаневски, кој со своите соработници ги посети локациите на кои што се изведуваат градежните работи.Фотографија на Општина Струмица.


-Во Габрово се работи на асфалтирање на три улици и на уште нешто што за мене и за граѓаните на ова населено место е многу значајно и долгоочекуван проект, а тоа е довршувањето на филтер станицата која што треба да овозможи квалитетна вода за пиење. Ги пребродивме сите технички предизвици кои што претстоеја за да можеме тој проект да го завршиме како што треба и еве можам да најавам дека до крајот на ноември ќе биде инсталирана одредена опрема која што ќе овозможи квалитетна чиста вода за пиење. Веднаш потоа следува тестирање на водоводните линии кои што постојат уште многу одамна, но кои се уште не се ставени во функција и мислам дека во догледен период, цел тој систем ќе биде ставен во употреба. Тука, во моментот се изведуваат и каскадите кои што треба да ги смират водите кои што неконтролирано доаѓаат од падините на планината Беласица и кои што во неколку наврати знаеја да направат штета, тие се таканаречни базни прегради кои што финишираат и мислам дека ќе решат еден голем проблем. Исто така, можам да најавам дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, аплициравме со проект за реконструкција и пробивање на туристичката патека која што води до водопадите на ова населено место и кои што се позната туристичка атракција, посебно, пробивање до третиот, односно, највисокиот и последен водопад во атарот на ова место, рече градоначалникот Јаневски.

Жителите на Габрово се презадоволни од градежните зафати и му се заблагодарија на градоначалникот Јаневски за подобрувањето на условите за живот во ова населено место.