Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема

Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема

2863
0
АКЦИЈА

Општина Струмица заедно со ЈПКД „Комуналец“ организира Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема во периодот од 17 октомври до 17 ноември 2017 година.Се повикуваат сите граѓани на општина Струмица кои имаат електричен или електронски отпад:
1.Големи домашни апарати
– фрижидер,шпорет,машина за перење ,клима уред и друго
2.Мали домашни апарати
-пегла
-правосмукалка
-тостер
-фен
3.Компјутерска опрема
-компјутер
-печатар
-фиксен и мобилен телефон
4.Електронска опрема
-радио
-телевизор
-камера
-видео рекордер
-музички систем
5.Опрема за осветлување
-неонки
-сијалици
-расветни тела
6.Електрични и Електронски апарати
-бушалици
-пили
-машина за шиење
7.Електронски играчки и опрема
-видео игри
-справи за вежби
-играчки за батерии
8.Кабли,адаптери полначи за мобилен телефон.
Истиот да го пријават на тел.бр.034/325-909 и договорат термин за негово безплатно подигање од страна на ЈПКД „Комуналец“ од нивните домови.Сите заедно да вложиме труд во зачувувањето и заштитата на непосредната околина, а во исто време и унапредување за чиста и здрава животна средина.