Работна посета на Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов на ЈПКД „Комуналец„...

Работна посета на Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов на ЈПКД „Комуналец„ Струмица.

44
0
АКЦИЈА
Денес Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов со претставници од Советот на Општина Струмица го посетија Јавното Претпријатие за Комунални Дејности „Комуналец „
Во текот на посетата на возниот парк ги разгледа петте новонабавени специјални возила за подигање на комунален отпад од кои 3 се со зафатнина од 12 метри кубни, едно од 7 и едно од 5 метри кубни специјално за потесните улици. Сите возила се со комплетен систем за пресирање на сметот.
Исто така беа разгледани и двете нови возила за чистење на снег опремени со растурачи на сол.
Со новите возила ќе се подобрат комуналните услуги кон граѓаните, а со поефикасното собирање на комуналниот отпад ќе имаме почиста oпштина изјави Градоначлникот Костадин Костадинов.