Програмата за Обука за ЈКП за водоснабдување – Безбедност на вода и...

Програмата за Обука за ЈКП за водоснабдување – Безбедност на вода и управување со кризи

984
0
АКЦИЈА
Тренинг центарот на АДКОМ заедно со Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Дунавското партнерство за учење и Консултантската куќа “Инфа Проект“ ја организираа завршната фаза од Програмата за Обука “Безбедност на вода и управување со кризи: Основи на континуитет на работење за управување со ризици од катастрофи“ во која ЈПКД “Комуналец“ зема учество.
Стојан Ефтимов, раководител на секторот “Водовод и канализација“ при ЈПКД “Комуналец“ беше избран за кризен менаџер во склоп на претпријатието.
“ Придобивките од овој проект се очекува да бидат во јакнење на капацитетите и можностите за справување со кризи. Се надевам дека искуството од овој проект и овие обуки ќе допринесе за подобрување на квалитетот на работата во самото јавно претпријатие“