Несовесно фрлање на отпад, апел за подигање на свеста

Несовесно фрлање на отпад, апел за подигање на свеста

1631
0
АКЦИЈА

Совeста на граѓаните во однос на отпадот, но и на другите видови загадувања на животната средина е на многу пониско ниво во споредба со поразвиените европски земји. Во планот на Еко-акцијата во пресрет на новогодишните празници, беше опфатена и дивата депонија на излезот од градот кон населено место Раборци, истата беше исчистена и беше отстранет отпадот.  Повторно беше мета на несовесни граѓани кои својот отпад го фрлиле на несоодветна локација, покрај самиот пат. Апелираме да се потенцира несовесното фрлање на отпад и проблемот со дивите депонии, кои се причина за зголемен број на глодари и инсекти, кои понатаму се предизвикувачи на низа епидемиолошки заболувања и директни загадувачи на водите и околината.