Комуналец го подобрува водоснабдувањето на градот со нов вентил на главниот цевковод

Комуналец го подобрува водоснабдувањето на градот со нов вентил на главниот цевковод

1585
0
АКЦИЈА

Денеска, по цели 40 години  се менува вентилот на главниот доводоен цевковод од браната Турија до филтер станицата, а кој го снабдува градот и шест населени места со вода. Овој голем зафат кој чини 1,9 милиони денари, екипата на работната единица „Водовод“ при ЈПКД „Комуналец“ почна да го реализира уште во три часот по полноќ  и според најавите, прекинот во водоснабдувањето поради оваа интервенција треба да заврши до 21 часот вечерва.


– Всушност се работи за замена на фентил ФИ-600 кој е стар 40 години, а се заменуваат и два испусни вентили ФИ-350 и сите тие активности беа предвидени да се завршат токму во овој период, кога реката Струмица е на најниско ниво и кога потрошувачката на вода во градот е намалена. Тоа е планирано така да прекинот на вода кој уште вчера беше најавен да трае што помалку. Ние, овие активности ги почнавме уште рано изутрината околу три часот и екипата на работната единица „Водовод“ максимално се ангажираше овие активности, односно замената на вентилите да ја направиме во што пократок рок. Оваа работа ја планиравме порано, но  оценивме дека сега е правиот момент таа да се заврши, вели Столе Ефтимов раководител на РЕ „Водовод“ при ЈПКД „Комуналец“.