Едукативен проект – Водата е извор на живот

Едукативен проект – Водата е извор на живот

1714
0
АКЦИЈА
Plastic water bottles pollution in ocean (Environment concept)


Водата е извор на живот на сите живи суштества на земјата. Водата во која живеат или  ја користат мора да има природен хемиски состав и природни карактеристики. Кога човекот ја загадува фрлајќи отпад и шут го менува хемискиот состав на водата и тогаш таа станува загадена. Загадувањето на водата со отровни материи има индиректни последици на човекот. Загадената вода не може да се користи за пиење ниту за наводнување на обработлива почва. За да може да се користи таква вода е потребно многу пари и енергија за нејзиното прочистување. Освен тоа отпадот кој го фрламе во водата често завршува во телата на водените животни кои често како такви загадени ни се враќаат како храна. Пред да го фрлиме отпадот добро да размислиме каде тој ќе заврши и кои се последиците по нашето здравје. Фрлениот отпад во природата завршува ВО НАС.