Чистење на Добрејци и Градско Балдовци

Чистење на Добрејци и Градско Балдовци

1984
0
АКЦИЈА

Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица продолжува со генералното чистење на населените места. Денес се работеше на две локации поточно во населените места Градско Балдовци и Добрејци. Со оваа акција се врши метење и собирање на отпад и наноси од земја низ главните улици на населените места, централните подрачја како и просторот околу училиштата и верските објекти т.е на местата каде што има најголема фрекфенција на граѓани. Со ова ЈПКД „ Комуналец „ Струмица допринесува за почиста и поурбана животна средина и во населените места.