Уредување на Сачево

Уредување на Сачево

1834
0
АКЦИЈА

Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица покрај секојдневните активности продолжува со генералното чистење на населените места. Денес се уредуваше Сачево каде што се исчисти центарот на населеното место а исто така хортикултурно се уреди и малото паркче кое благодарение на ЈПКД „Комуналец„ и пред се на локалното население кое го одржува е едно од поубавите паркчиња низ населените места, а жителите го користат за одмор и разладување посебно во летно време. бидејки тука е и чешмата што мештаните ја користат за ладна вода. Ова е еден убав пример каде свеста на локалното население и соработката со ЈПКД „ Комуналец „ допринесува за подобра поурбана средина од која придобивка имат сите жители на ова населено место.