Пролетно чистење каналот долж улицата „Васил Главинов“

Пролетно чистење каналот долж улицата „Васил Главинов“

1626
0
АКЦИЈА

Екипа од Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, ,  по редовното пролетно прскање против коров на каналот долж улицата „Васил Главинов„ денес започна со собирање на коровот и сите други растенија и собирање на разновиден отпад фрлен во него. Се апелира посебно до граѓаните кои живеат покрај каналот , својот отпад од гранки и исушени растенија како и градежен шут да не го фрлаат во каналот  туку истиот да го пријават на телефонски број 034 325 909 за да биде подигнат.