ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од денес почнува делењето на корпи за отпад во градот

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од денес почнува делењето на корпи за отпад во градот

2279
0
АКЦИЈА

Во програмата на еко кампањата Еко Фронт во организација на Општина Струмица и ЈПКД Комуналец беа набавени 8500 стандардизирани корпи за отпадоци за индивидуалните домаќинства. Изминатиов период акцијата на делење на корпите се одвиваше во сите населени места. Од денес 10 септември акцијата продолжува на територија на град Струмица. Од 13 часот екипи на ЈПКД Комуналец ќе почнат со делење на корпите за отпад во населбата Карпош и Чифлик маало. „Корпите се наменети исклучиво за индивидуалните домаќинства. Важно е да напоменеме дека истите ќе се делат бесплатно и ќе бидат на товар на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица, до граѓаните апелираме на домаќинско користење на корпите за отпад“, изјави Бранко Горѓиев раководите на одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“.