Зимско чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“

Зимско чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“

1437
0
АКЦИЈА

Екипа од Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, ,  започна со редовното зимско чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“. Со ова акција се сече и се отстранува исушената вегетација и се чисти  од  разновиден отпад фрлен во него.Се  апелира посебно до граѓаните кои живеат покрај каналот , својот отпад да не го фрлаат во него туку  да се обратат во Центарот за грижа на корисници на телефонски број 13-110 кој работи 24 часа, а на кој сите граѓани можат воедно да ги пријавуваат сите дефекти на водоводната и канализационата мрежа како и проблемите од јавна чистоќа. На овој број можат да се јават и сите граѓани кои имат потреба од подигање на шут, градежен отпад, гранки од дрвја и друг цврст отпад.