“Еко Фронт“ акција за чистење на дивите депонии во Општина Струмица

“Еко Фронт“ акција за чистење на дивите депонии во Општина Струмица

2100
0
АКЦИЈА

Продолжуваат акциите за чистење на неправилно одложениот комунален отпад во повеќе населени места на територијата на Опшина Струмица. Во склоп  на проект-кампањата “Еко Фронт“, ЈПКД “Комуналец“ изврши чистење на дивите депонии покрај река Тркајна и на локалниот пат кон населено место Баница.


ЈПКД “Комуналец“ повторно упатува АПЕЛ до граѓаните за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии, да се сфати пораката дека заштитата на животната околина  зависи од нивниот однос кон отпадот.