Дистрибуција на вода со одржување и реконструкција и доизградба на водоводниот систем

Дистрибуција на вода со одржување и реконструкција и доизградба на водоводниот систем

3628
0
АКЦИЈА

Водоснабдувањето на градот Струмица пратставува еден современ водоснабдителниот систем кој е изграден и континуирано се гради, кој се проширува и постојано осовременува повеќе од 50 години.


Најпрво градот се снабдувал со вода преку пумпна станица во месноста Софилар се до изградбата на старата филтер станица и цевоводот од брана Водоча. Во 1978год е пуштена во употреба новата филтер станица преку која и денес градот Струмица се снабдува со вода.Суровата, непрочистена вода по гравитационен пат доаѓа од акумулацијата Турија до фабриката за обработка на вода преку цевковод во должина од 15км. изведен од азбест цементни цевки ф600 и ф500.

Водоводната мрежа во Струмица се состоуи од две висински зони (ниска и висока). Ниската зона покрива 90% од урбаната површина до 260мнв, а високата зона од 260 до 320мнв.

Високата зона користи вода од цевковод ф400 мм. и преку пумпно построение водата се потискува во водоводната мрежа, односно во резервоар за висока зона од 400 м3. Пумпите агрегати се со капацитет од 20л/с, а нивната работа е автоматска во зависност од нивото во резервоарот.

ЈПКД Комуналец ја прошири водоводната мрежа на град Струмица и во населените места: с.Добрејци, с.Просениково, с.Дабиле, с.Балдовци и с.Баница. Населените места  с.Банско и  с.Свидовица се водоснабдуваат преку свои посебни водоводни системи. Исто така ги управуваме и одржуваме водоводните системи кој ги обслужува граѓаните од с.Муртино и с.Сачево, како и водоводниот систем за с.Куклиш.

Со проширување на водоводните линии, нови водоводи во населените места, како и водоводните објекти значително се зголеми обемот на работа,а со тоа и додатни ангажирања на вработените во Секторот,, Водовод и канализација,, за непречено функционирање на сите овие водоснабдителни системи.

  • Водоснабдителен систем за град Струмица и населените места с. Добрејци, с.Просениково, с.Дабиле, с.Балдовци, с.Баница и с.Водоча.
  • Водоводи во населените места: Бања Банско и с.Банско, с.Муртино и с.Сачево с.Куклиш и с.Свидовица.

 

 

Водоснабдителен  систем за град Струмица и населените места с.Добрејци, с.Просениково, с.Дабиле, с.Балдовци, с.Баница и с.Водоча.

 

 

Листа на инфраструктурни објекти:

 

  • Доводен цевовод од А/С Ф600/Ф500мм. со должина од 14.900м.
  • Фабрика за обработка на вода за пиење, со проектиран капацитет од 250л/с.
  • Пумпна станица со капацитет од 20л/с.
  • Резервоари за чиста вода:

_“Свети Петнаесет“ со капацитет од_____ 5.000м3

_“Филтер станица“ со капацитет од______1.250м3

_“Ловен Дом“ со капацитет од__________   400м3

_“Чамлк“ со капацитет од______________   400м3

  • Систем за дистрибуција на водата со вкупна должина од 85 000м. и со дијаметар на цеви од Ф25 до Ф400мм. и тоа со следните видови на материјали:
  • Азбест цемент (А/С)—————— 17%
  • Поливинил хлорид (ПВЦ)———– 20%
  • Поцинковано железо—————— 8%
  • Лиено железо—————————- 5%
  • Полиетилен (ПЕ)————————49%
  • Други материјали———————— 1%

 

 

 

 

 

Водоводи во населените места: Бања Банско и с.Банско, с.Муртино и с.Сачево, с.Куклиш и с.Свидовица.

 

 

  • Бања Банско и с.Банско:

 

Водоснабдувањето на хотелските капацитети во Бања Банско е решено во 1983год. со захват на водата од река Воденичица, доводен цевковод од Филтрите, брзи филтри со систем за самоперење, резервоар од 250м3 и цевководи од хотелите.

Водоводниот систем за Бања Банско функционира задоволително во нормален режим на работа, проблеми се јавуват во услови на енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка, но со превземените мерки за контрола на потрошувачката очекуваме дека и овие проблеми ќе се надминат во текот на 2017год.

Село Банско се снабдува со вода исто така од захватот на река Воденичица и еден дел од извориштето наречено Ќупо. Водоводната мрежа беше во лоша состојба, но согласно инвестирањата што беа направени во текот на 2011 и 2012 год. во овој водоводен систем, голем број на оштетување на цевководите и неконтролираните приклучоци и злоупотреби на мрежата беа решени, така да водоснабдувањето на с.Банско е доведено до состојба каде веке постои контрола во управувањето со водоводниот систем.

 

– с.Муртино и с.Сачево

 

Водоводниот систем за  с.Муртино  и  с.Сачево го решава водоснабдувањето на жителите од овие населени места. Водата се вади со пумпи со моќност од 13КW од бушотина на длабочина од 51м. коу се наогат во подножјето на Беласица, таму е изграден и резервоар од 600м3, па преку доводен цевковод во должина од 2400м. се носи водата до с.Муртино и с.Сачево. Системот добро функционира без посебни проблеми и жителите редовно се снабдуваат со чиста вода.

 

 

 

 

-с.Куклиш и с.Свидовица

 

Овие водоводи се независни и засебни еден од друг, но се решени на ист начин и слично функционират. Во најголем дел од годината се снабдуват со вода со пумпи од бушотини, но зависно од периодот во годината користат и изворска вода со изворска вода со зафаќање на води од Беласица. Водоводната мрежа е во лоша состојба,воглавно заради употреба на неквалитетен материјал при самата изведба, па заради тоа доага до почеси дефекти и прекини во водоснабдувањето. Понатамошните инвестирања треба да се планират во делот на намалување на експлотационите трошкови на овие водоводни системи и постепено обновување на приклучните линии и кукните приклучоци.

 

Цел на програмата:

 

Цел на оваа програма е да се дадат плановите за работа и да се постават организационите  активности за обезбедување напрекинато и квалитетно водоснабдување на градот Струмица и населените места, создавање на стабилна водоводна инфраструктура и подигање на квалитетот на услугите кон корисниците.

 

Активности:

  • Непрекинато производство на доволни количини на вода во текот на цела година.
  • Непрекинато водоснабдување на граѓаните со здрава и чиста вода.
  • Непрекинато снабдување на индустриските капацитети во градот со потребните количини на вода потребни за нормално функционирање.
  • Одржување на целиот водоводен систем и сите објективклучени за негово ефикасно работење.
  • Подобрување на водоснабдувањето во одредени делови на градот каде нема квалитетно водоснабдување.
  • Замена на стари и дотраени водоводни линии.
  • Изградба на ново проектирани водоводни линии.
  • Намалување на загубите на вода.
  • Мониторинг и анализа на водоснабдителниот систем.
  • Перманентна работа на внесување податоци за градење на Географскиот Информационен Систем (ГИС) и калибрирање на математички модел спрема реалните параметри на целокупниот водоснабдителен систем.
  • Зголемување на ефикасноста во работењето и намалување на трошоците во работата.
  • Обука на вработените за примена на нови материјали и опрема, како и за автоматско следење и управување на одредени процеси во водоснабдителниот систем.

 

 

Со новата организациона поставеност Секторот ,,Водовод и канализација ,,е организиранвоседум одделенија кои ја обавуваат една од основната дејност на претпријатието,и тоа:

 

  1. Оддeление водовод
  2. Оддeление канализација
  3. Оддeление Технички работи и развој
  4. Оддeление изградба
  5. Оддeление пречистителна станица за отпадни води
  6. Оддeление Рурални и населени места
  7. Оддeление Производство на вода и санитарна контрола

 

 

 

 

Потребите на градот со чиста и здрава вода за пиење се обезбедуваат во фабриката за вода,која е со капацитет од 250л/сек.

Технолошкиот процес во нашата фабрика за вода се одвива во повеќе фази,и тоа:

  • Оксидација
  • Коагулација со флокулација
  • Таложење
  • Филтрирање
  • Дезинфекција

 

Потребите за вода се определуват од водоснабдителната норма која по жител ја земаме да изнесува просечно 320л/ж/ден вклучувајки ја во таа бројка загубата на вода, и комуналните потреби.

Потрошувачката на вода во водоснабдителниот систем на Струмица последните години е стабилна и постојана, зголемувања се јавуват зависно со зголемувањето на бројот на нови корисници во населените места, но за сметка на намалувањето на потрошувачката на вода кај индустриските и стопанските капацитети, кумулативно останува иста.

 

 

 

Физичко — Хемиски третман на водата

 

Процесот на производство на чиста вода бара постојано следење на квалитетот како на пречистената, така и на суровата вода. Испитувањата на водата се вршат на следниот начин:

  • Два пати во текот на денот испитувања на суровата, како и на чистата вода во нашата лабораторија на Филтер Станицата.
  • Еднаш неделно, испитување примероци од повеќе различни места од градот, во лабораторијата на Заводот за Здравствена Заштита од Струмица.
  • Четири пати годишно испитување на чистата вода во Републичкиот Завод за Здравствена Заштита во Скопје.
  • Два пати годишно фитопатолошки испитувања на суровата вода и на чистата во Хидробиолошкиот Завод од Охрид.

 

Физичко – хемиски третман на суровата вода кај нас е воспоставен при самото проектирање на технолошкиот процес, и постојано се третира со истите коагуланти и флокуланти во зависност од квалитетот на суровата вода. За непрекинато одвивање на технолошкиот процес на фабриката за вода и за постигнување на квалитативна обработка во текот на целата година потребно ќе биде редовно да се набавуваат неопходните хемикалии потребни за процесот на обработка на вода и тоа: алуминиум сулфат, натриум алуминат, течен хлор и полиелектролит.

 

 

 

 

Геодетско следење на Фабриката за вода

 

Како резултат на постојаното следење на теренот и на самата Фабрика за вода од страна на Катедрата за Геотехника при Гредежен Факултет- Скопје, потребно ќе биде да и оваа година се изврши геодетска оскулација. Со цел да се заштити клизалиштето од површински водинеопходно ќе биде да се врши редовно шистење на каналите за одводнување и нивно санирање, како и грижа за вегетацијата и шумата што се наоѓа околу целата Филтер Станица.

 

 

 

 

 

Една од основните задача на Секторот Водовод и канализација, е:

– Да го одржува доводниот цевковод од брана Турија до Фабриката за вода во исправна состојба.

–  Да ја одржува примарната и секундарна водоводна мрежа низ градот.

– Одржување на доводните цевководи до населените места и водоводните мрежи низ:  с. Добрејци,  с. Дабиле,  с. Просениково,  с. Балдовци,  с. Баница,  с.Водоча,  с.Банско,  с.Муртино,  с.Свидовица,  с.Сачево,  с.Куклиш и водоводниот систем за Бања Банско.

– Да ја проширува водоводната мрежа со изведба на нови линии.

– Да врши реконструкција на старите водоводни линии.

– Да се вршат приклучувања на нови потрошувачи и приклучувања на нови водоводни линии.

– Одржување на хидромеханичката опрема во мрежата.

– Изготвување на техничка документација за сите интервенции во мрежата.

 

 

 

  • Одржување на доводниот цевковод од брана Турија до Фабриката за вода.

 

 

Активности
Механичко чистење на усисната корпа на цевководот
Заштита на цевководот од ерозија на земјиште околу заштитниот појас на цевката
Замена на оштетени капаци и санирање на оштетени шахти долж цевководот
Замена на неисправни вентили ф600 и ф300, заедно со потребните фазонски делови
Проверка на сите воздушни вентили долж цевководот и замена на неисправните
Отклонување на дефекти

 

  • Одржување на водоводната мрежа низ градот

 

 

Активности
Отклонување на дефекти на примарна мрежа
Отклонување на дефекти на секундарна мрежа
Отклонување на дефекти на приклучна мрежа
Замена на неисправни затварачи
Замена на друга хидромеханичка опрема
Замена на капаци и санација на шахти

 

 

  • Одржување на доводните цевководи до населените места и водоводните мрежи низ: с.Добрејци, с.Дабиле, с.Просениково, с.Балдовци, с.Баница, с.Водоча, с.Банско, с.Муртино, с.Сачево, с.Куклиш и водоводниот систем за Бања Банско.

 

 

Активности
Санација на шахти и капаци долж цевководите.
Отклонување на дефекти.
Проверка и замена на воздушни вентили долж цевководите.
Чистење, перење и хиперхлорирање на резерварите во: с.Водоча, с.Баница, с.Банско, с.Муртино, с.Свидовица, с.Куклиш и Бања Банско.
Реконструкција на дотраена приклучна мрежа и куќни приклучоци во: с.Куклиш, с.Свидовица, с.Водоча.
Поставување на затварачи на чворни места и замена на веќе дотраените: с.Водоча, с.Свидовица и с.Куклиш
Контрола и замена на делови на пумпните постројки за с.Муртино, с.Сачево, с.Свидовица, с.Куклиш, с.Водоча и с.Баница.
Детално чистење на зафатот на вода и вградување на груби решетки на самиот зафат, како и изградба на нови таложници за водоводните системи за: с.Свидовица и с.Куклиш.

 

 

  • Реконструкција на стари водоводни линии

 

Одредени секундарни приклучи линии ќе бидат реконструирани во оваа година, и со тоа ќе се створат услови за обнова на куќните приклучоци.

Обие активности ке се одвиват по планираната динамика согласно дадените приоритети.

 

Активности
·Реконструкција на водоприклучен штранг за згради на:

 

Ул: Ристо Курчиев

Ул: Братство и Единство

Ул: Елка Јанкова

·Реконструкција на дотраена приклучна линија на:

Ул: Киро Абрашев

Ул: Димитар Влахов

Ул: 5Ноември

Ул: Крушевска Република

·Реконструкција на приклучна линија во џебови на:

Ул: М.Х.Јасмин

Ул: Кр.Република

Ул: Димитар Влахов

Непредвидени реконструкции поради отстранување на дефект

 

 

  • Приклучување на нови потрошувачи и приклучување на нови водоводни линии

 

И  оваа година ќе се даде поголем акцент на приклучувања на корисници кои не се приклучени на новите водоводни линии. Во Струмица постојат улици низ кои се експлоатира и стара и нова линија, па целта ќе биде да се приклучат сите корисници на новата линија за да може да се исклучи старата

линија. Тоа посебно е карактеристично за ул; Бетовенова, Братство, Славчо Стојменски, Ѓорѓи Василев и дел од ул: 5Ноември, каде соработката и интересот на граѓаните за средување на проблемите со водоснабдувањето во овие делови од градот во текот на 2017год. очекуваме дека ке биде поголем.

Поголем обем на работа се очекува и во населените места: с.Добрејци, с.Дабиле, с.Просениково, с.Балдовци, с.Баница, каде се очекува и понатаму зголемување на интересот на граѓаните да се приклучат на новоизградениот водоводен систем.

 

 

Активности
Приклучување на нови корисници.
Приклучување на стари корисници на нови водоводни линии.
Делба на водомерски приклучок.
Дислокација на водомерски приклучок.
Исклучување на стари водоводни линии.

 

 

  • Изготвување на техничка документација за сите интервенции во мрежата

 

Изготвувањето на техничката документација ќе продолжи да се остварува по веќе поставениот начин на прибирање на податоците од терен, снимање со геодетски инструмент и внесување на податоците во ГИС.

Користењето на базата на податоци за водоводните линии и придружните објекти во водоводната мрежа ќе допринесе за зголемување на ефикасноста и подобрувањето на квалитетот на работата во РЕ Водовод.