Започна воведниот дел во проектот “Селектирај за општо добро“

Започна воведниот дел во проектот “Селектирај за општо добро“

2561
0
АКЦИЈА

 


Проект кампањата “Селектирај за општо добро“ е наменета за учениците во средните училишта на територија на Општина Струмица. Рециклирањето е лекција од природата која треба да се научи и применува. Сè си има своја функција и сè се движи во кругот на различна примена. Има една чудна негативна страна во денешниот животен стил на луѓето – креирањето на отпад од работи кои повеќе не ни требаат и немаат корист во нашиот живот. Ние сме единствените живи суштества кои креираат отпад, во природата ништо не претставува отпад, секој материјал има своја функција.Но има и друга чудна позитивна страна во денешниот животен стил на луѓето – селектирањето на материјалите кои повеќе не ни требаат, за нивно претварање во суровини за нови производи. По иницијатива на Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ а со несебична соработка со трите средни општински училишта во  Струмица, како од наставниот кадар, така и од учениците, с ке започне едукативно информативниот дел во проект-кампањата “Селектирај за општо добро“ и ке трае до 8-ми јуни. Беа поставени хартиени селектори на хартија и пластика на секој од спратовите во училиштата. Во текот на оваа недела ке започне активна кампања на социјалните мрежи за одблиску да се запознаат средношколците со придобивките и целиот процес на селекција.